top of page

6 летни трендови за вашата градина

  • Мега лајт
  • Aug 1, 2017
  • 3 min read

Креирајте пријатна атмосфера во отворениот простор со овие стилски совети.

Како што времето се затоплува, сите ние поминуваме дополнително време во градината, независно дали се релаксираме или ги забавуваме нашите гости. Иако летото е на половина, никогаш не е предоцна да се зачини местото каде го дочекуваме залезот на сонцето.

Целта секогаш е надворешното да се внесе внатре, но зошто да не ја направите градината само проширување на вашиот дом?

Иако понекогаш изгледа тешко надворешниот простор да направите да изгледа удобен, токму поради тоа што е отворен, со вистинскиот мебел можете самите да си креирате еден сосема поинаков амбиент.

Во продолжение прочитајте ги трендовите за осветлување на градината во 2017 година.

1. НОВОГОДИШНИ СВЕТИЛКИ

Тие се практични и штедливи. Во текот на зимата ви ја осветлуваат елката, а на овој начин можете повторно да ги употребите и во лето. Совршено го осветлуваат секој простор бидејќи не дават остра светлина, туку напротив благо сјаат. Можете да ги изврзете околу дрва, да ги пуштите да висат како завеси или со ленти од нив да го покриете отворениот простор над вас со што ќе добиете пријатна и романтична атмосфера.

2. ФЕНЕРИ

Нив можете да ги најдете во марокански стил, со восочни или ЛЕД свеќи. Во секој случај, тие беа особено модерни минатата зима, а нивната популарност продолжува и ова лето. Тие имаат многу намени и можат да бидат поставени на многу позиции, на пример на влез од куќата, на тераса или во самиот двор. Не само што квалитетно осветлуваат, туку и се интересна тема за разговор.

3. КОРИСТЕТЕ СВЕТЛО ЗА ДА СЕ ПОФАЛИТЕ

Секој двор има одредена точка на фокус. На пример, тоа може да биде некое дрво, невообичаената фасада на куќата или интересен цветен аранжман.

За да ја претворите градината во една целина, потребно е точката на фокус да ја истакнете со стратешко осветлување. Со добро позиционирано осветлување, можете да ги истакнете најдобрите атрибути на вашата градина кои ќе и дадат несекојдневен изглед и препознатливост.

4.ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ЌОШЕВИТЕ

Краевите се нешто кое често го забораваме, но доколку го насочиме вниманието кон нив, може модерната градина да ја претворите во една целина. Ваквиот ефект ќе го добиете доколку прикачите ЛЕД ленти на долниот ќош чиј крај сакате да го нагласите. Овој вид на осветлување можете да го користите за да ја украсите својата веранда, тераса, да осветлите патека која води до куќата или едноставно да ставите во фокус одреден објект.

5. КРЕИРАЊЕ СЛОЕВИ

Сите ние сме слушнале за носење повеќе слоеви на облека во зима, но био кој дизајнер на ентериер или градинар може да ви зборува со часови за тоа колку е важно вашата градина да има повеќе слоеви. Погоре спомнавме нколку различни идеи кои доколку сакате да ги примените заедно, ќе мора добро да го испланирате просторот. На тој начин ќе можете самите да креирате атмосфера според вашиот вкус и потреба. Осигурете се дека ќе има контраст помеѓу светлото и темното со цел да го нагласите отворениот простор или за помали градини- да направите илузија дека има повеќе простор преку користење на мали осветлувачки објекти.

6. ПОДНИ СВЕТИЛКИ

Свртете го вниманието кон текстурата на подот со подно осветлување. Можете да го користите доколку сакате да ја означите патеката на движење, да ја осветлите околината околу мебелот каде планирате да ја поминете вечерта, или како што погоре спомнавме, едноставно да се пофалите со нов детал. Тие се дискретни и речиси неприметни, а совршено можат да се вклопат во сечиј двор. Друга опција е да одберете светилки кои светлото го исфрлаат и нагоре и надолу. Ова особено често се применува во случаи кога се нагласува фасадата или поширока оградена патека.

Производите спомнати во овој текст можете да ги најдете во продавницата на Мега лајт, во Прилеп.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page