top of page

Следете ги есенските трендови на осветлување за 2017 година

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Sep 24, 2017
  • 1 min read

Со оглед на тоа што есента многу набрзо ќе го пречекори прагот, ајде да ги погледнеме трендовите за дизајн на осветлување за наредната сезона.

ДЛАБОКИ БОИ

Зелената боја во моментов не само што е главна во дизајнерскиот свет, туку е и главна инспирација на аксесоари. Листовите можеби избледуват надвор, но ентериерите насекаде позеленуваат.

Уште една боја која нашироко ќе се употребува наредната сезона е црната или чоколадно кафеавата. Двете даваат одреден луксуз на просторот, а добро се совпаѓаат со различни стилови и останати бои.

МЕТАЛИК

Како што очигледно лажните златни лустери полека излегуваа од мода, така винтиџ формите доаѓаа на тронот. Златото, среброто и бронзата и даваат топлина на просторијата, без истата да изгледа кич и без вкус.

УМЕТНОСТ

Има тенка линија помеѓу уметност и дизајн. Повеќе осветлувањето не е само извор на светлина, туку и аксесоар на просторот. Ова значи дека се повеќе луѓе одлучуваат да ги надополнат своите домови со иновативни идеи, па дури и рачна изработка на осветлувањето за да ја зголемат автентиноста на просторот.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page