Како да се одлучите за големината на вашиот лустер?
- Oct 10, 2017
- 1 min read
Независно каков вид на осветлување сакате да користите, одберете ја вистинската големина за да постигнете балансиран изглед на собата. Ако лустерот е преголем - може да го засени остатокот од ентериерот во собата. Ако е премал- губи од својата функционалност. Затоа издвоивме неколку кратки чекори кои ќе ви помогнат во мерењето.
1. Ширина
Доколку поставувате лустер над трпезариската маса или кујнскиот остров, измерете ја должината или дијаметарот на масата. Потоа од овој број одземете 30 центимерти и ќе го добиете максималниот дијаметар кој треба да го има вашиот лустер. Запомнете дека лустер со комплексен дизајн ќе изгледа поголем, така што веројатно ќе сакате да биде малку помал од препорачаните димензии.

2. Висина
Ако претпоставиме дека таванот е висок 2.5 метри, долниот дел на лустерот треба да виси отприлика 1 метар над површината на масата. Доколку таваните во вашиот дом се навистина високи, веројатно е најдобро лустерот да виси на подолг кабел со цел да биде поблиску до луѓето во просторијата (на кои светлото им е потребно за да гледаат), наместо да биде прицврстено високо на таванот.
3. Амбиентално осветлување
За овој вид на осветлување измерете ја должината и ширината на собата која сакате да ја осветлите. Потоа претворете го збирот од овие бројки во центиметри. На пример, ако собата е со димензии 2,5 х 3 метри, ни
вниот збир изнесува 5,5 метри, односно лустерот во дијаметар не треба да надминува 55 центиметри. Стандардната висина за прикачување на лустерот е 2 метри, но приспособете ја во зависност од големината на лустерот, висината на таванот, висината на луѓето кои се движат најчесто во собата и слично.





















Comments