top of page

5 безвременски дизајни на столни ламби

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Aug 9, 2017
  • 2 min read

Дизајнерските трендови можат да доаѓаат и да си одат, но има некои изгледи кои никогаш веројатно нема да излезат од мода и ќе изгледаат исто толку добро колку што изгледаат денес.

Најлесен и најдиректен начин за да го вклучите безвременскиот стил во домашното окружување е столната ламба.

Во продолжение ви ги претставуваме секогаш тренди столни ламби заедно со неколку совети како да ги вклопите во остатокот од собата.

1. Кристални

Кристалот навистина одговара со се и токму поради тоа дизајнерите се осврнуваат кон него. Додава елеганција и сјај во секоја просторија каде се наоѓа. Со оглед на тоа што кристалот го рефлектира светлото, може да послужи за тоа собата да ја направи поелегантна но и поголема отколку што навистина е.

Во спалната соба, како што може да се види на сликата погоре, мала кристална ламба може да додаде суптилен сјај а отсјајот дава длабочина на просторот.

Во дневната соба можете да искористите две големи столни ламби доколку сакате да ја акцентирате вашата ексравагантност.

Независно во која соба, совршено би било доколку можете да ја искомбинирате неа со висечки кристален лустер за да се добие чувство на целост.

2. Златни

Исто како кристалното стакло, златото е безвременско и софистицирано, а за разлика од криталот, доаѓа во најразличи нијанси и форми.

За традиционален изглед, одберете некоја со потопла (потемна) боја, телото да им биде во форма на урна или тегла.

За помодерен и современ изглед изберете форма на тиква, како на сликата погоре. Исто така, околу бојата на телото, можете да размислите за бакарни или бронзени тонови.

3. Керамика

Но, тука не разговараме за вообичаена керамичка ламба туку за „chinoiserie“. Тоа е француски збор кој со слободен превод значи „по кинески вкус“. Инаку оваа уметност означува комбинација од уметност во кинески стил со мотиви кои се среќаваат во европската уметност. Таа за прв пат се појавува во 17 век и денес е широко употребувана во уредувањето на ентериерите. Можеби и вие посетувате некое вакво дело, а не сте биле свесни.

4. Столбови

Како што самиот збор кажува, столбестите ламби се моделирани според архитектонските столбови. Тие се безвременска силуета која може да биде модифицирана на многу начини.

5. Тиква

Веќе ја спомнавме тиквестата форма на ламбата погоре. Независно дали формата изгледа како повеќе тикви една на друга или една единствена, ова е уште еден класичен изглед на столни ламби. Исто како и столбестите, можат да се најдат во најразлични варијанти, независно од бојата или конкретната форма.

На вас останува изборот дали ќе одберете безвременска столна ламба која ќе се вклопува во ентериерот или ќе се издвојува со некоја контрастна боја или форма која го привлекува вниманието.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page