4 совети за заштита од дожд на надворешното осветлување
- Aleksandra Siljanovska
- Aug 14, 2017
- 1 min read
Повеќето од нас имаат некакви светилки надвор од нашиот дом како на пример светилка пред влезната врата или некој фенер кој го осветлува дворот. Исто така, голем дел од луѓето своите градини ги декорираат како дел од некој празник.
Меѓутоа ние особено кога поставуваме привремено осветлување, не внимаваме на сопствената сигурност. Всушност привременото осветлување може да биде многу поопасно од вообичаеното. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за безбедно надворешно осветлување.
1.Поставете светилки кои се исклучиво наменети за надвор

Светилката мора да биде дизајнирана за да биде поставена на отворено. На пример, светилата која ја поставувате на таванот од балконот и никогаш не се наводенува, мора да спаѓа во категоријата светилки кои се отпорни на влажност. Таа сакале или не, ќе треба да биде отпорна на влажност, топло и ладно.
2.Поставете сијалици наменети за надвор

Доколку поставите вообичаена светилка на отворено, тоа може да ве чини бидејќи нејзиниот живот ќе биде пократок отколку да ја користите онака како што е наменета. Во Македонија можно е да имате потешкотија да најдете ваков вид на светилки.
3.Не користете преголема светлина

Најголем дел од лустерите на својата етикета имаат назначено кои се максималните вати кои смее да ги има сијалицата поставена на нив. Почитувајте го ова, бидејќи во спротивно ќе се оштети вашата инсталација.
4.Внимавајте на запалливи материјали

Ве предупредуваме да ги држите понастрана светилките кои генерираат топлина од материјалите кои лесно можат да се запалат. Овде не мислиме единствено на самата инсталација туку и на средината и предметитие до кои е поставена истата.
За сите прашања кои може да ги имате, консултирајте се со професионалците од Мега лајт.
Comments