7 ТРЕНДОВИ ЗА 2017 КОИ СИТЕ ГИ ПРИМЕНУВААТ
- Aleksandra Siljanovska
- Aug 10, 2017
- 3 min read
Како што веќе имате забележано, 2017 не донесе којзне какви радикални промени кога станува збор за дизајнот, но сепак има неколку трендови кои не може а да не останат незабележани бидејќи се насекаде околу нас.
1.Нежното злато е повторно популарно

Во последниов период, нежните бои добија на значење. Луѓето почнаа да се вљубуваат во сивастите и беж тонови. Нежното злато спаѓа во оваа категорија која совршено се совпаѓа со модерниот декор. Уникатно е поради својот заматен финиш со што внесува топлина во просторијата и неизбежно ја осветлува.
Како да го употребите: Доколку барате таванско осветлување, барајте лустери кај кои е нагласена златната боја или лустери кои се комплементарни како сивкасти или заматено сребро. Во дневната соба можете да искористите златен лустер за да акцентирате одреден агол во неа. Веруваме дека овој тренд ќе се задржи долго време, особено затоа што не е толку нападен како жолтото злато.
2.Ретро и индустриски стил но во адаптирана форма

Индустрискиот стил отсекогаш се отсликувал со старински изглед, неутрални бои и акцентирање на металот. Она што сега го гледаме е малку поразлично од стилот на кој сме веќе навикнати. Терминот кој можеме да го употребиме за овој нов стил е „модерно ретро“. Сега тој е адаптиран за поширока употреба, што подразбира повеќе тонови внесени во употреба и побогати метални дизајни.
Како да го употребите: Модерниот ретро изглед може да ви помогне да направите една просторија да изгледа посебно и уникатно. Најчесто ваквите лустери се употребуваат во кујната, над трпезариската маса или како ѕидно осветлување. Исто така, можете да ги употребите како уметничко дело на ѕид.
3.Старински сијалици од Едисон, потопол ретро стил

Ретро стилот очигледно се врати на голема врата во 2017 година. Заоблената форма на Едисон сијалиците е совршена за во домот и тоа особено за дневната соба и кујната. Исто така, можете светилката да ја добиете и во ЛЕД варијанта. Имајте предвид дека ретро стилот доаѓа малку поскапо од вообичаените лустери и ќе треба да издвоите малку повеќе од буџетот за декор.
Како да ги употребите: Тие вообичаено служат за да го дадат целосниот ефект на лустерите во ретро и индустриски стил, да го ублажат нивниот дизајн и на просторијата да и го дадат чувството на дом.
4.Средовечната мода и Арт деко се враќаат

Веќе со години овие два стила беа омилени кога станува збор за дизајнот на ентериер, но од некоа причина, осветлувањето не го следеше овој тренд. Популарниот „Спутник“ лустер прво паѓа на памет кога станува збор за ваквиот стил. Со ова, се враќаат во мода чистите и остри линии и атрактивни геометриски дизајни. Со средовечното осветлување доаѓаат природни форми кои се и функционални и естетски.
Како да ги употребувате: Совршени се доколку сакате да додадете неформалност во просторијата и можеби да го истакнете вашето чувство за уметност.
5. Помалку неред, чисти линии

Модерниот декор се сведува на т.н. чисти форми. Во модерниот дом, комплексните дизајни нема да се вклопат така лесно. Затоа денешните лусери го следат трендот на минимализам односно геометриски дизајни, неутрални нежни бои и акцентирање на формата наместо на екстравагантна естетика.
Како да го употребувате: Доколку барате висечки лустер, немојте да го затрупувате со други светла бидеќи така ја губи неговата намена- да се истакне. Исто така, ќе дојде до израз како ламба за читање или позициониран над главата во спалната соба.
6. ЛЕД-от поевтинува

Обичните светилки употребуваат енергија но не ја претвораат целата во светло туку дел од неа се конвертира во светлина. Светот уште пред некое време се сврте кон освелување кое е поефикасно, ја заштитува околината и штеди пари.
Досега најголемата негативност на ЛЕД светилките беше нивната цена, но доколку ја посетите вашата локална продавница за осветлување, можете да ги набавите по многу попристапна цена отколку пред година или две. Кога луѓето почнуваат да користат ЛЕД, вообичаено ги менуваат сите светилки одеднаш во целиот дом.
7. Поголемо е подобро

Во одредени простории луѓето се вљубуваат во големи лустери кои лесно го привлекуваат вниманието и го предизвикуваат оној „WOW“ фактор при влегување во истата. Големи лустери најчесто се употребуваат над кујнскиот остров, над трпезариската маса или во отворен простор- покрај патеката.
Како да ги употребувате: Тие бараат многу грижа. За максимален ефект, поставете еден лустер во средината на собата
Comentários