Станете самоук дизајнер за ентериер во 5 чекори
- Aleksandra Siljanovska
- Aug 31, 2017
- 3 min read
Некои луѓе се родени со око за декорирање и дизајн. Други ја учат вештината и успешно ја употребуваат. И потоа доаѓа остатокот од нас. Ако досега не сте имале посебна дарба за дизајн, неколку основни техники можат да ви помогнат во наредниот обид на уредување на домот.
Почитувајте го правилото на непарни броеви
Можеби веќе сте запознаени со правилото на третини во фотографијата. Дизајнирањето со непарни броеви создава хармонија и визуелен интерес.

Основната идеја на правилото е дека деталите и објектите кои се групирани во непарни броеви се попримамливи и полесно се помнат отколку парните.
Може да имате групи од објекти различни по висина, големина и текстура. Истовремено, треба да постои нешто слично на сите нив - нешто што ќе ги поврзе во целина.
Осветлување на различни нивоа
Доколку не знаете многу за осветлување, прво треба да се запознаете со три главни видови:
- Амбиентално: Уште се нарекува генерално осветлување. Се работи за светилките над нашите глави кои подеднакво ја осветлуваат целата просторија.
- Работно: Како што алудира самото име, има намена да осветли определена активност. На пример ламба во дневната соба може да осветли простор за читање. Доколку се наоѓа под шкафчињата во кујна, ни помага подобро да се снајдеме додека готвиме.
- Акцентирачко: Служи за да осветли одреден објект. Најчесто се употребува за осветлување на слики.

Со различни видови на осветлување просторијата добива на димензија. Нашата препорака е да започнете со амбиенталното светло а понатаму по потреба да почнете да додавате светилки за конкретни намени.
Пронајдете ја централната точка на вашата соба
Централната точка на собата е нејзиниот најистакнат елемент. Тоа е објектот кон кој очите природно се придвижуваат кога влегувате во собата.

Доколку се чувствувате изгубено за тоа како да декорирате соба, добро е да почнете со наоѓање на оваа централна точка. Многу соби имаат веќе вградени: голем прозорец со поглед, камини и сл. Доколку не е таков случајот во вашата соба, еве неколку совети како да ја креирате:
- Офарбајте го едниот ѕид во различна боја и потоа украсете го со полици или уметничко дело.
- Одлучете за што ќе ја користите просторијата и потоа креирајте централна точка околу тоа. На пример, ако ја користите собата за читање, централната точка може да ви биде полица со книги.
- Искористете големо парче мебел како централна точка.
- Исто така можете да искористите големо уметничко дело или пак огледало.
Кога ќе ја пронајдете оваа точка, декорирајте околу неа. Користете ги нејзините главни бои во остатоткот од предметите во собата. На тој начин доаѓа до израз. Исто така, запамтете дека не мора секогаш да се наоѓа во центарот на собата иако во многу домови тоа е случајот.
Знајте ги основните правила за мерење
Кога станува збор за поставување завеси и позиционирање на мебелот, најголем дел од луѓето не мерат туку проценуваат од око. Но ако сакате вашата соба да изгледа добро, запоменте ги овие правила:

- Масичка за кафе - држете ја минимум 35 центиметри подалеку од двоседот/троседот.
- Уметнички слики - Кога прикачувате слики на ѕид држете ја средината на сликата на ниво на очите, што вообичаено е 1.50 метри од подот.
- Телевизор - Оддалеченоста зависи од големината на самиот телевизор.Најлесно е да пресметате така што дијагоналната должина на телевизорот ќе ја помножите со 2. Така ќе го добиете растојанието на кое треба да седите.
- Килими - Треба да бидат доволно долги и широки за сите четири ногарки на мебелот да застанат на него. Но исто така не заборавајте да оставите околу 40 центиметри од подот да биде видлив.
Оставете негативен простор
Некогаш што помалку декорираме, толку поубаво изгледа. Во дизајнот, негативниот простор не е завземен од ниту еден објект. Најчесто тоа е белиот простор на ѕидовите.

Декорирањето во овој случај може да биде малку комплицирано но секогаш постои начин:
- Намалете го натрупувањето. Само затоа што неколку предмети ги собира на масичката, не значи дека треба таму да стојат.
- Видете ги формите. Две контрастни форми може да креираат интересен негативен простор. Заоблена масичка за кафе може да ги ублажи аглестиот тросед и столици во коцкастата соба. Но ова вообичаено функционира во поголеми простории каде има доволно простор меѓу различните објекти за да се создаде негативен простор.
コメント