top of page

Совети: Како да го одржувате кристалниот лустер?

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Oct 10, 2017
  • 1 min read

Во продолжение прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања поврзани со кристалните лустери.

Колку често треба да го чистам?

Вообичаено еден кристален лустер се чисти еднаш на некоку месеци. Доколку живеете во место кое е прашливо, ветровито или со зголемена влажност на воздухот, можно е да се јавува потреба почесто да го чистите бидејќи во спротивно кристалите нема да имаат сјај а исто така полесно ќе се задржува правот на нив.

Кое е најдоброто решение за чистење?

Имате две наједноставни опции:

1. Течност која се состои од 1/4 алкохол и 3/4 дестилирана вода.

2. Сапун и врела вода.

Наполнете шишенце кое испрскува со било која од наведените опции и чистете го стаклото со памук или памучни ракавици.

Доколку поседувате мал кристален лустер веројатно полесно ќе ви биде да го спуштите на некоја подостапна површина.

Доколку сакате темелно да ги исчистите кристалите, потребно е да ги откачите од самиот лустер и да ги оставите да искиснат во млака вода, а потоа чистете ги индивидуално. Не заборавајте кој кристал каде припаѓа кога ќе биде време да ги вратите на место.

Дополнителни совети за одржување на кристален лустер

- Секогаш бидете сигурни дека лустерот е исклучен пред да ракувате со него и да го прскате со било каква течност.

- Чистете го лустерот од прав тогаш кога ќе го чистите и мебелот за да ви биде полесно кога ќе дојде на ред детално да го чистите.

- Кога ќе ги чистите кристалите, извадете ги и исчистете ги и сијалиците. Вака ќе добиете 1/3 повеќе светлина во собата, иако можеби не сте биле свесни дека со текот на времето почнало да се затемнува во просторијата.

 
 
 

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page