top of page

#СакамСовет: Дневна соба

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Oct 16, 2017
  • 2 min read

Од оваа недела, Мега лајт започнува до кампањата #СакамСовет, преку која ќе ги споделиме со вас најкорисните совети поврзани со осветлувањето во секоја просторија посебно. Исто така, доколку ви е потребен совет за нешто кое не сме го покриле, слободно можете да ни се обратите и ќе споделиме посебна информација на таа тема.

Денес започнуваме со можеби најкористената просторија во домот, а тоа е дневната соба.

Во оваа просторија луѓето претендираат да престојуваат подолг временски период за најразлични активности како разговори, гледање телевизија, читање, играње и користење на лаптоп.

1. „Во соби каде луѓето поминуваат долго време, јас преферирам да користам светла кои ќе се одбијат од таванот за да се добие амбинтално осветлување“, вели дизајнерот за ентериер Маркус Ирли. „Ваквиот вид на освелтување овозможува чувство на поширока светлина во собата и се избегнува појавувањето на сенки или светла насочени надолу кои можат да им пречат на оние кои седат.“

За да се постигне амбиентално осветлување во дневната соба што ќе отскокнува од таванот, Ирли предлага да ги осветлите ѕидовите и столбовите на просторијата. „Исто така, ако имате библиотека или комода која не оди до таванот, можете да додадете ѕидна светилка во празниот простор и да ја насочите кон таванот", сугерира Ирли.

По истиот принцип, можете да поставите подна светилка која ја одбива светлината нагоре со цел да се добие ефект на „миење на ѕидот со светлина“.

2. На секоја дневна соба и е потребно осветлување за луѓето да можат да си ги извршат своите задачи. Овој вид на осветлување се добива со столни ламби поставени до столот за читање. За употреблива светлина, користете ЛЕД сијалици.

3. Често се случува да сакате да нагласите одреден елемент во просторијата со помош на светилка. Ова може да биде камин, домашна библиотека, растение, скулптура или слика. Единечни светилки поставени на подот може да послужат за акцентирање на растение, додека најчесто користени за осветлување уметнички слики се ѕидните светилки. Најбитно тука е да внимавате на тоа колку е силна светлината и топлината која ја испушта светилката, бидејќи тоа може да ја оштети сликата или да ја акцентира толку силно што нема да се гледа.

4. Во дневна соба во која има само еден ѕиден прекинувач поврзан со излез, пожелно е прекинувачот да се замени со пригушувач на светлина, за барем на некој начин да се контролира изворот на светлина во текот на целиот ден.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page