Што знаете за осветлувањето?
- Мега лајт
- Aug 2, 2017
- 2 min read
Основни работи кои треба да ги знаете за осветлувањето уште пред да ја купите првата светилка. Дали знаете што барате од вашиот дом?
Иако најчесто за него се грижиме на крај од процесот на реновирање, доброто осветлување може да или да го огрди или да го разубави вашиот дом. Можеби сте поминале денови во одбирање на вистинската боја за ѕидовите, но всушност осветлувањето е она кое прави просторот да ги истакне своите најдобри карактеристики.
Добро осветлување
Можеби не сте приметиле дека осветлувањето во вашиот дом е лошо, но лесно ќе ги препознаете неговите симптоми: главоболка и болка во очите, фрустрација во кујната доколку не сте во можност добро да видите што правите и расправии во спалната за тоа кој е на ред да стане и да го изгасне светлото. Доброто осветлување ќе направи вашиот дом да изгледа простран, чист и како да сте добредојдени во него.

Клучниот момент е да креирате флексибилна шема на користење, така што истата соба да биде приспособена за различни потреби во различни делови на денот. Совршено би било доколку со само едно притискање, од светол и раздвижен простор дневната соба да ја претворите во романтична вечера за двајца.
Природно осветлување
Лустерот кој ќе го купите е одличен додаток на секој дом, но квалитетот на светлото зависи од положбата на вашата соба.
Поглед кон север: нема директна светлина, па затоа во собата влегува некоја ладна светлина. Вообичаено уметниците бираат соби со поглед кон север бидејќи ваквата светлина им ја дава вистинската нијанса на боите со кои работат.
Поглед кон исток: силна светлина наутро, по која следат долги сенки, а во остатокот од денот нема светлина. Употребете вештачко светло за да го контролирате отсјајот и да овозможите што повеќе од природната светлина да влезе во домот.
Поглед кон југ: жолта светлина влегува во текот на целиот ден, иако може да подлежи на промени во текот на годината. Вообичаено попладневното сонце е толку силно што ја пожолтува целата просторија. Одберете кон југ да бидат свртени кујната, дневната соба и останатите простории во кои поминувате најмногу време во текот на денот.
Поглед кон запад: во оваа соба влегува сончева светлина во најжешкиот дел од денот, што може да предизвика отсјај во самата просторија. Во приквечерината ќе се појават долги сенки и понежна светлина.
Comments