top of page

3 грешки во кујнското осветлување

  • Мега лајт
  • Aug 2, 2017
  • 2 min read

Осветлувањето вообичаено е последната работа за која се размислува во кујнскиот дизајн и првата работа на која се штеди при намалување на буџетот. Но за да изгледа добро и да функционира правилно, една кујна мора да биде соодветно осветлена, а тоа вклучува повеќе од прикачување модерни лустери.

1. Избегнувајте отсјај

Најчестата грешка која се прави во кујната е тоа што се пробува да се осветли целата просторија со единствен лустер залешен високо на таванот. Резултатот од ова се нарекува „бомба од отсјај“, што визуелно ги стимулира сите предмети во собата.Вградното осветлување кое е премногу често и насекаде низ собата го има истиот негативен ефект.

Многу луѓе го прават ова погрешно, па завршуваат со многу светло на одредени места а сенки во остатокот од собата.

2.Направете план за слоеви

Ниту еден единствен извор на светлина не е возможно да произведе доволно светлина за да ги задоволи потребите на целата кујна. Добро осветлена кујна има различни слоеви и четири различни видови на осветлување.

- Осветлување за готвење. Овој тип овозможува секојдневно извршување на задачите поврзани со готвење, на пример сецкање зеленчук и читање рецепти. Оптималната поставеност на овој вид светло е помеѓу главата на човекот и работната површина. Затоа најефективно е осветлувањето поставено под висечките шкафчиња.

- Амбиентално осветлување. Тоа креира топол сјај кој ја исполнува просторијата, ги ублажува сенките и прави луѓето да се чувствуваат пријатно. Доколку вашите висечки шкафчиња не допираат до самиот таван, тоа може да биде совршено место за поставување на светилка. Од четирите видови светла, ова е видот кој најчесто се занемарува.

- Акцентирачко осветлување. Дава длабочина и димензија на кујната. Примери за вакво осветлувањесе светилки со ниска волтажа кои се поставуваат над уметнички дела, покрај порцелански предмети и сл.

- Декоративно осветлување. Ова е осветлувањето кое се нарекува „архитектонски накит“. Дава сјај и светкавост на просторот.


3.Затемнете ги светлата


Како и во секоја останата соба во домот, идеално е доколку можете да ја приспособувате светлината во кујната. Доколку имате пригушувач на светло, потребно е да имате по еден за секој вид на светло. На тој начин ќе можете комплетно да постигнете различен амбиент за различни прилики.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page