top of page

3 причини зошто да почнете да користите ЛЕД панели

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Aug 7, 2017
  • 1 min read

Што ако ви кажеме дека можете значително да ги намалите сметките за струја?

Независно дали сте дома или на работно место, кога поминувате долго време во одредна просторија најголем проблем е трошењето енергија, а ведна по него следува менувањето на светилки.

1.Не е потребно одржување а значително заштедуваат енергија

Со оглед на тоа што користат 60% помалку енергија, овој вид на осветлување е лесен за одржување. Лесни се за инсталирање, независно дали се работи за вградни или надградни, а при тоа значително ја намалуваат вашата сметка за струја. Воедно, нивното времетраење е проценето на 30 години, што значи дека воопшто нема потреба да се грижите откако ќе ги поставите.

2. Совршено осветлување за во канцеларија

Со својата природна бела боја, панелот е дизајниран да го намали напорот на очите при работа и ја подобрува концентрацијата. Ова овозможува пријатна атмосфера во текот на целиот ден и вечер.

3.Лесно вклопување во просторот

Независно дали барате осветлување за магацин, дуќан, хотел, училише, домашна просторија или било која мала просторија што сакате да изгледа поголема, ЛЕД панелите ќе ги исполнат вашите очекувања. Не се оштетуваат со текот на времето, ниту пак им опаѓа квалитетот.

Панелите можете да ги најдете во продавницата на Мега лајт Прилеп.

Comentarios


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page