top of page

Топ 7 ЛЕД лустери

  • Writer: Aleksandra Siljanovska
    Aleksandra Siljanovska
  • Oct 10, 2017
  • 2 min read

Ги разгледувате најновите и најсветлите ЛЕД лустери за вашиот дом? За вас собравме на едно место асортиман од 10 ЛЕД лустери, од најкорисни до најекстравагантни:

1. Минималистички стил

Дизајниран од Кајн Хајцман, овој модел претставува секојдневен модел на лустер кој одлично ќе се вклопи во било која просторија. Во него постои опција да го приспособите на вашите потреби, што значи лесно се менува јачината на светлината како и нејзината боја.

2. Експлозии во небото

Овој лустер се одликува со линеарни дрвени елементи распоредени токму како да отсликуваат експлозија. Тие можат да се најдат во различни големини, во зависност од просторот за кој ви се потребни.

3. Природен шмек

Овој лустер освен што лесно ќе ве плени со неговата форма, исто така емитува благ ЛЕД отсјај. Очигледно од него не можете да очекувате да ви дава светлина за под него да сечкате зеленчук со остар нож. Напротив, наменет е за амбиентално осветлување и е совршен за да го закачите над трпезариската маса.

4. Елегантна естетика

Дизајниран од Линдзи Адамс Аделман, овој лустер е составен од 10 стаклени цилиндри во кои стојат ЛЕД светилки. Совршено е да ги псотавите во простор каде нема премногу шаренило и во главно владее минимализам. На овој начин, лустерот ќе дојде до израз и ќе додаде вредност на арт компонентата во домот.

5. Елеганција без претерување

Овој лустер на Терзани е елегантен без да биде нападен. Она што го прави посебен е скулптурестата форма која ја има, а пригушеното светло ја креира сликата дека пред себе гледате риби чии крлушки светкаат во просторот.

6. Геометриски форми

Линеарен и геометриски, овој лустер е одличен приказ на современото осветлување. Блокови од акрил, ги исполнуваат алуминиумските шипки. Така овие преклопувачки елементи даваат посебен израз на просторот.

7. Метална конструкција со топли бои

Чувството кое се добива со овој лустер е како да летате змеј во летна вечер. ЛЕД светлата разиграно отскокнуваат од шареното стакло и од металната конструкција, креирајќи пријатно осветлување за една голема просторија.

Comments


НАЈНОВО
ПРЕБАРУВАЈ ПО КЛУЧНИ ТЕРМИНИ
АРХИВА
bottom of page